Иако веќе се поздрави со соиграчите и навивачите, откако имаше договор со катарскиот Ал-Сад, клуб кој го предводи Роберто Манчини, трансферот на Алесио Ромањоли на крајот не се реализираше бидејќи истече рокот за трансфери во Катар.
Сите детали биле договорени и потпишани, но административната процедура доцнела неколку часа, што било доволно Ромањоли да не може да го облече дресот на Ал-Сад.
Целата ситуација се одвивала под необични околности. Позадината на пропаднатиот трансфер е донекаде сомнителна и е поврзана со Лацио, кој, според наводите, купил дополнително време со одолговлекување на постапката.
Ромањоли се поздрави со навивачите по натпреварот против Лече (0-0), а „небесно-сините“ дури подоцна дале „зелено светло“ за трансферот, но катарскиот клуб тогаш веќе немал доволно време да ја заврши целокупната документација.