2,9K
Анталија важи за голем фудбалски центар во кој секоја година доаѓаат огромен број на клубови каде ги минуваат подготовките за сезоната.
На последната видео конференција која ја организираше Романската фудбалска федерација со клубовите, имало идеја сезоната да се доигра токму во Анталија.
Анталија има голем број на фудбалски терени кои се идеално подготвени, па Романците тоа го гледаат како простор каде без проблеми би се одиграле натпреварите.
Дилемата е дали клубовите би престојувале во Анталија во тие два месеци додека се играат мечевите или секоја недела би патувале со чартер летови од Романија.