Романците кои испаднаа од Шкендија се степале во соблекувална по мечот со Ц. Звезда во Белград!

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалерите на романскиот ФЦСБ одиграа слаб натпревар на гостувањето кај Црвена звезда во Лигата на Европа. Иако повеќе од седумдесет минути имаа играч повеќе, не успеаја да извлечат позитивен резултат, а домашниот тим победи со голот на Бруно Дуарте.

По мечот ситуацијата дополнително се влоши кај романскиот клуб. Валентин Крецу и Сијабонг Нгезан влегоа во жесток конфликт пред навивачите.

Крецу потоа му се извини на соиграчот, признавајќи дека претерал.

ФЦСБ моментно се наоѓа на триесет и првото место во Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×