Фудбалерите на Шкендија сосема заслужено уште еднаш славеа над ФЦСБ и во Букурешт со што си обезбедија најмалку пласман во лигашката фаза од Конференциската лига.
И во двата натпревар романскиот претставник не покажа ништо, а по натпреварот како винвоникот за нивниот пораз да го бараат на погрешно место.
Имено, тие продолжија со понижувањето кон Шкендија и ја нарекоа „најслабиот тим“ со кој со ФЦСБ се соочил.
Треба да се каже дека не блескаа ниту пред ова коло кога едвај и со пораз во вториот натпревар се извлекоа против Интер Ескалдес од Андора.