Роман Абрамович купува италијански гигант?

by 24 фудбал
1 минути читање

Рускиот олигарх и бизнисмен Роман Абрамович сака да се врати во фудбалскиот свет, откако пред неколку години принудно го продаде Челси.

Поради воениот конфликт меѓу Русија и Украина неговите сметки и влијание беа смрзнати во Англија. Тој реши да го продаде проектот кој со многу внимание го водеше.

Сега Русинот размислува да се врати во фудбалските води. Абрамович сака да ја купи Рома од страна на групацијата Фридкин. Ова семејство неодамна го купи и англиски Евертон, па не би имале против продажба на италијанскиот гигант доколку дојде добра понуда.

Според информациите Фридкин ја купи Рома за 700 милиони евра во 2020 година. Доколку на нивна адреса стигне понуда околу една милијарда евра, Абрамович може да добие зелено светло за купувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани