Рома загуби од Аталанта во Бергамо и излезе од топ четири!

by riste
1 минути читање

Аталанта ја искористи предноста на домашен терен и со 1-0 ја совлада Рома во денешното дерби од Серија А.

Клучниот момент се случи уште во 12. минута кога Скалвини реализираше за водство од 1-0. Тоа беше несигурна интервенција на одбраната на гостите на чело со голманот Свилар.

Рома во 29. минута уште еднаш се израдува на погодок, но тој по долго прегледување на снимката беше поништен поради офсајд. Одлука која ќе предизвика многу полемика.

По овој пораз Рома падна на петтата позиција, а може да отиде и подолу доколку Комо го добие заостанатиот натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×