Рома во второто полувреме го скрши Кремонезе и освои важни бодови во битката за ЛШ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Рома ја оправдаа фаворитската улога против Кремонезе и вечерва во натпреварот од 26. коло славеа победа од 3-0.

Имаше Рома иницијатива уште во првото полувреме, но мрежите по првите 45 минути мируваа. Победникот беше решен во последниот половина час од натпреварот.

Кристанте ја доведе „волчицата“ во водство во 59. минута кога конечно резултатот беше отворен. На десетина минути пред крајот Ндик се погрижи за 2-0 за точка на натпреварот да стави Псилили во 86. минута.

Рома така сега дојде до 50 бода, четири повеќе од Јувентус кој петти и во наредното коло „волчицата“ ќе се сретне со „старата дама“, дуел кој може да има огромна важност во битката за место Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×