Рома во незавидна позиција, Ливерпул или Манчестер јунајтед ја користат ситуацијата

by
1 минути читање

Италијанскиот
калчолигаш Рома го вклучи алармот во својот клуб, тимот мора да обезбеди 30
милиони евра до крајот на овој месец поради финансискиот ферплеј на УЕФА, па
така ќе мора да продаде некоја од своите ѕвезди кои ги има во редовите.

Од целата оваа ситуација
можат да искористат англиските премиерлигаши Ливерпул или Манчестер јунајтед.

Познато е дека
Ливерпул пријави интерес за ангажман на Мохамед Салах, но се чини дека Рома
бара многу повеќе од понудените 32 милиони евра од страна на тимот од „Енфилд
Роуд“.

Доколку не се
реализира трансферот на Салах во Ливерпул за 40 милиони евра, онолку колку што
бара Рома, тогаш тимот од Рим нема да има друг избор освен да го продаде Раџа
Наинголан на Манчестер Јунајтед, за сума повисока од 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани