Рома веќе бара замена за Алисон, три опции се во игра, првата е од ПСЖ

by
1 минути читање

Алисон Бекер е
пред портите на Ливерпул, а англискиот Премиерлигаш за бразилскиот голман ќе
издвои 73 милиони евра, Рома се чини дека е задоволна од исходот во
преговорите, а веќе ги разгледува и опциите кои ги има за негова замена,
постојат три такви.

Се шпекулира дека
Алфонс Ареола, Робин Олсен и Каспер Шмахјел се трите опции кои Римската
волчица ги има како замена за Бекер.

А дел од италијанските
медиуми го наведуваат голманот на ПСЖ, Ареола како главен кандидат за бројот „1“
во тимот на калчолигашот од Рим, особено откако неговото место во францускиот
првак се стави под знак прашалник по доаѓањето на легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Останатите две
опции, голманот на Копенхаген, Олсен, како и чуварот на мрежата на Лестер,
Шмајхел кој блесна на Светското првенство бранејќи го голот на Данска, се исто
така интересни за Рома.

Се споменуваше и
Јаспер Силесен од Барселона, но, наводно тој би ја чинел Рома близу 50 милиони
евра, нешто, што веројатно не е остварливо за Италијанците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×