Рома го договори трансферот на Артем Довбик, првиот стрелец во Ла Лига минатата сезона е на пат кон Рим за комплетирање на зделката.
Делегација на „волчицата“ оваа недела отпатува во Шпанија на преговори со Жирона за трансфер на Артем Довбик, и мисијата заврши успешно.
Двата клуба си подадоа рака за трансфер вреден околу 30,5 милиони евра, плус додатни 5,5 милиони евра во бонуси, како и 10% од следниот трансфер за вкупна максимална сума од 38,5 милиони евра.
Рома лесно пронајде заеднички јазик со Артем Довбик, па утрово сите заедно се качија во приватен авион и се на пат кон Рим за комплетирање на зделката.
Artem Dovbyk, his agent Alex Liundovski and AS Roma management on their way to Italy to complete the move!
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 1, 2024
Dovbyk only wanted AS Roma and he’s now set to land in one hour for medical at the club.
Exclusive pic pic.twitter.com/AUEKzUC73r