Рома се врати од гол негатива и го совлада Сасуоло со 3-1 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Следното коло го
носи дуелот помеѓу Наполи и Јувентус, па за Рома беше многу важно вечерва да
освои три бода против Сасуоло и од втората позиција да го проследи дербито.

Избраниците на
Спалети лошо го започнаа натпреварот, Дефрел ги донесе гостите во предност по
само девет минути.

Сепак, до крајот
на првиот дел Рома го сврте резултатот во своја корист. Паредес најпрво
изедначи на 1-1 во 16. минтута, а потоа Салах во втората минута од судиското
надополнување донесе водство од 2-1.

Победата и трите
бода ги осигура Џеко, кој откако доби шанса во второто полувреме погоди за 3-1
во 68. минута.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани