Рома шест натпревари по ред не знаеше за победа, денеска конечно тоа се случи, го совладаа Фросиноне со 4-0. Андер, Пасторе, Ел Шарави и Коларов беа стрелци на погодоците за Волчицата, навивачите се надеваат дека овој меч може да ја сврти сезоната.
Јувентус прокнижи уште три бода откако со 2-0 во Торино ја победи Болоња. Дибала и Матуиди беа стрелци на погодоците за шампионот.
Џенова со 2-0 го совлада тимот на Киево, а вториот гол беше дело на Горан Пандев, тоа е негов втор гол оваа сезона во Серија А.
Наполи со убедливи 3-0 беше подобар од Парма. Милик погоди два пати, еден гол беше дело на Инсиње.
Лацио со 2-1 славеше на гостувањето кај Удинезе, немаше голови на дуелите меѓу Каљари и Сампдорија, и Аталанта и Торино.