Рома подобра од Лацио во дербито на „вечниот град“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Рома ја доби градската пресметка и славеше во дербито во Серија А против Лацио со минимални 0-1 на „Олимпико“.

Иако натпреварот понуди само еден погодок, атмосферата беше спектакуларна со фантастични кореографии на двете навивачки групи. Првите прилики ги имаа домашните преку Закањи и Ромањоли, но гостите беа тие кои поведоа во 38. минута. Суле по една одземена топка асистираше до Лоренцо Пелегрини, кој прецизно погоди во подалечниот агол за 0-1.

Рома можеше уште до полувремето да ја зголеми предноста преку Ренш, но тој не реализираше. Во второто полувреме Лацио се обиде да израмни, создаде неколку шанси преку Диа и Каталди, но не успеа да ја пробие одбраната на „волчицата“. Црвениот картон на Белахиан дополнително им ги скрати надежите.

Со оваа победа Рома стигна до девет бода по четири кола во Серија А, додека Лацио, кој летово имаше забрана за трансфери, остана на само три.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×