Рома почнала преговори со Конте?

by
1 минути читање

Рома наводно
почнала преговори со Антонио Конте, токму тој е веројатно прв и најсериозен
кандидат за клупата на Римската волчица за идната сезона, а Конте подолг период
се поврзуваше со Интер и Милан.

Италијанскиот
фудбалски стратег во моментов се наоѓа во „судска битка“ против неговиот
поранешен клуб Челси, тврди дека Премиерлигашот му должи 10 милиони евра, што
тимот од Лондон нема никаква намера да ги исплати.

Конте подолг
период се поврзува со враќање во Серија А, откако поранешниот тренер на
Јувентус беѓе на радарот на градските ривали од Милано, Интер и Милан, но,
извесно е дека Рома е сега сериозен претендент за неговиот потпис, нешто што
најавува Ла Република.

Весникот тврди
дека Рома веќе одржала првични преговори со Конте, а овој ги претставил своите
потенцијални лични услови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×