11
Рома се врати на победничките патеки во Серија А, совладувајќи го Лече со минимални 1-0 на домашен терен.
„Волчицата“ одигра стабилен натпревар и иако резултатот беше тесен, триумфот е сосема заслужен. Херој на римскиот клуб беше Робинио Ваз, кој во 57. минута го постигна единствениот гол и ја однесе победата во редовите на Рома.
Со овој триумф, тимот на Гасперини се израмни со Јувентус на петтото место, со по 54 бода, додека Комо засега е пред нив со три натпревари повеќе.
Следното коло Рома ја чека тежок предизвик против лидерот Интер, додека Лече ќе го пречека дома тимот на Аталанта.