„Рома нема душа“

by
1 минути читање

Поранешниот
тренер на италијанскиот калчолигаш Рома, Чезаре Прандели верува дека „недостасува
душата во тимот“ на Рома, откако Римската волчица западна во тешка резултатска
криза на стартот од новата сезона.

Тие направија
големи промени, можеби недостасува душата на тимот во моментов
“ смета тој.

Прандели смета
дека треба да му се даде време и простор на шефот на стручниот штаб на тимот од
Рим, за кого истакна дека ги добил сите пофалби од Италија за ланскиот голем
успех откако Рома беше меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Ди Франческо
ланската сезона ги доби сите пофалби на негова адреса од Италија, најмногу
поради фактот што го предводеше својот тим до полуфиналето од Лигата на
шампионите, Рома играше допадлив фудбал, балансиран, сега, неколку месеци
потоа, работите не функционираат добро во тимот, мислам дека треба да му се
даде време
“ заклучи Прандели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×