„Рома не е супермаркет“ – Ливерпул предупреден за трансферот на Мохамед Салах

by
1 минути читање

„Црвените“ сакаат да го ангажираат Мохамед Салах и се говори дека нудат 35 милиони евра за репрезентативецот на Египет.

Рома го одби овој предлог и се верува дека „Волчицата“ бара околу 45 милиони евра.

Спортскиот директор на Рома, Мончи сега вели дека тие не сакаат да ги продадат најдобрите играчи, и порачува дека клубот од Олимпико не е супермакерт.

„Немаме намера да ги продаваме нашите играчи, целта е да се изгради најдобриот можен тим“ – вели Мончи.

„Клуб од Англија пројави интерес за Салах, и достави понуда“.

„Но Рома ќе ја одреди цената откако ќе бидат земени во предвид сите околности“.

Салах не е единствениот играч кој би можел да замине од Рома, медиумите шпекулираат и со имињата на Ридигер, Манолас и Наинголан.

„Рома не е супермаркет“ – порача Мончи. „Туку тим кој игра во Серија А, и се натпреварува на највиско ниво во Европа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани