184
Рома дојде до
минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Сампдорија во мини дербито во делот
од табелата на Серија А каде до крајот на актуелната сезона ќе има голема битка
за место во топ четирите екипи.
Единствениот гол
за Римската волчица го постигна Де Роси во 75. минута, а оваа победа е злато
вредна за тимот од Рим кој сега е на еден бод од Милан кој се наоѓа на
четвртото место. Рома (51) е на делба на петтото место на табелата заедно со
Аталанта.