Рома лесно се справи со Селтик, Лион не го дава врвот (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Рома со 0-3 славеше на гостувањето кај Селтик и им се врати на победите, Лион со 2-1 го совлада Го Ахед Иглс и остана на врвот на табелата.

По двата порази во Серија А, Рома го искористи настапот во Европа за да им се врати на победите.

Избраниците на Гасперини вечерва лесно се справија со Селтик и славеа со 0-3 на гостувањето во Глазгов.

„Волчицата“ поведе со автоголот на Скејлс во 6. минута, Фергусон зголеми на 0-2 во 36. минута, а истиот играч во финишот на првото полувреме стрелаше за 0-3.

Лион со 2-1 ја доби пресметката против Го Ахед Иглс и го задржа водечкото место на табелата, заедно со Митјиланд и Астон Вила.

Резултати Лига Европа:

Базел – Астон Вила 1-2

Бран – Фенербахче 0-4

Селта – Болоња 1-2

Стеауа – Феенорд 4-3

Фрајбург – Салцбург 1-0

Панатинаикос – Викторија Плзењ 0-0

Порто – Малме 2-.1

ФОТО: X/AS Roma English

Можно е и ова да ти се допаѓа

×