Рома конечно најде спонзор за дресот, ама за младинците!

by
1 минути читање

Франческо Тоти и
соиграчите три години играат без спонзор на дресовите, и се чинеше дека тоа
конечно ќе се промени откако Рома вчера потпиша три годишна соработка со компанијата
Линкем.

Логото на телекомуникацискиот
оператор ќе се појави на дресовите на „Римската Волчица“, но за жал само но оние
од младинските категории.

Од оваа зделка клубот
од Рим ќе инкасира околу 2,7 милиони евра годишно, но тоа не е ништо ако во предвид се земе тоа дека се губат десетици милиони евра по сезона бидејќи
првиот тим нема спонзор.

Сепак, лидерите
на Рома остануваат оптимисти и порачуваат: „Работиме напорно да ги најдеме
вистинските партнери
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани