Екипите на Рома и
Наполи според информациите кои пристигнуваат преговараат со претставниците на
Диего Коста за да го убедат напаѓачот на Атлетико Мадрид да се пресели во „Серија
А“.
Според пишувањата
на весникот „Мундо Депортиво“, се вели дека обата клуба се во постојани
контакти со претставниците на искусниот 31 годишен напаѓач чиј договор со „Јорганџиите“
истекува идното лето.
Не е прв пат Рома
и Наполи да влезат во битка за потписот на Коста, Наполи претходно имаше обиди
во 2013., но и во 2018. година, а се верува дека Рома ја подготвува третата
понуда за напаѓачот.
Како и да е, се
шпекулира дека моменталната заработувачка на Коста во Атлетико Мадрид би
претставувала проблем за Италијанците.