232
По подолга сага, конечно заврши дилемата околу иднината на српскиот голман Миле Свилар и тој останува во Рома.
Младиот чувар на мрежата постигна договор со „волчицата“ и ќе потпише нов петгодишен договор, според кој ќе заработува по 4 милиони евра по сезона, откри Џанлука Ди Марцио.
Свилар, кој е роден во Антверпен, пристигна во Рим во 2022 година, а досега има 85 настапи и 30 „чисти мрежи“. Потполната афирмација ја доби во минатата сезона, кога блескаше на голот и стана незаменлив дел од тимот.
Се очекува тој да се појави во Рим на 11 јули и да стави потпис на продолжувањето на соработката, на радост на навивачите на Рома.