Рома го потврди трансферот на Суле, Јувентус ги откри деталите

by bojan
1 минути читање
Суле

Рома попладнево официјално го потврди трансферот на Матиас Суле, Јувентус пак откри дека зделката е вредна 25,6 милиони евра, плус додатни 4 милиони евра во бонуси.

Матиас Суле е нов фудбалер на Рома, по долги преговори, неговиот трансфер беше финализиран денеска.

„Рома е задоволна што може да му посака добредојде на Матиас Суле во „жолто-црвеното“ семејство“ – гласеше известувањето на клубот од Рим.

Јувентус во меѓувреме ги сподели деталите од зделката.

Матиас Суле се сели во Рома во зделка вредна 25,6 милиони евра, сума која ќе биде платена на четири рати. Исто така „старата дама“ може да добие максимум 4 додатни милиони евра во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани