Рома го комплетираше трансферот на Артем Довбик од Жирона, напаѓачот пристигнува во зделка вредна околу 38,5 милиони евра.
Рома се пофали дека за прв пат ангажира фудбалер кој претходната сезона бил најдобар стрелец, во Рим пристигнува Артем Довбик од Жирона.
„Рома е задоволнa што може да му каже добредојде на Артем Довбик во „жолто-црвеното“ семејство. Постигнат е договор со Жирона за трансфер на украинскиот напаѓач, кој наполни 27 години во јуни“ – гласеше известувањето.
Се шпекулира дека зделката е вредна околу 38,5 милиони евра сосе бонуси. Со овој трансфер, Рома ова лето потроши речиси 100 милиони евра на засилувања.
Претходно пристигнаа Матиас Суле од Јувентус, Енцо Ле Фе од Рен, Самуел Дал од Ѓургарден, а во целост беше откупен и Анхелињо од РБ Лајпциг.