Рома го доведе седмиот Холанѓанец во својата историја

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Рома денеска официјализираше ново засилување во своите редови.

Во прашање е 22-годишниот десен бек Дивајн Ренш кој е репрезентативец на Холандија и пристигнува од Ајакс.

Станува збор за фудбалер кој веќе зад своето име собра 100 настапи за екипата на Ајакс во сите натпреварувања, а во Рома се одлучи да го носи дресот со број два.

Договорот кој го потпиша со римскиот клуб е на четири години и ќе заработува околу 1.2 милиони евра годишно. Ајакс за неговиот трансфер ќе добие сума од пет милиони евра.

Тој ќе биде седмиот Холанѓанец кој ќе го носи дресот на Рома по: Мартин Стекеленбург, Кевин Стротман, Урби Емануелсон, Рик Карсдроп, Џастин Клајверт и Жоржињо Вајналдум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани