Рома е во криза, пораз и од Болоња (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома доживеа нов пораз, овој пат беа немоќни против Болоња која сосема заслужено дојде до трите бода. Играч на мечот беше Бароу.

Тој во 16. минута фантастично му асистираше на Орсолини кој постигна гол за водство на Болоња од 1-0.

Само шест минути подоцна, Денсвил ја затресе сопствената мрежа и го изедначи резултатот на 1-1.

Но Болоња брзо го врати водството, во 26. минута Бароу постигна убав гол за водство од 2-1.

По шест минути игра во второто полувреме Бароу повторно беше во главна улога, постигна уште еден гол за предност на Болоња од 3-1.

Во 72. минута Мхитарјан со глава реализираше за намалување на 3-2, но Рома не направи ништо повеќе за да се спаси од пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×