Медиумите од Италија пренесуваат дека најстарите членови на Рома, капитенот Лоренцо Пелегрини и дефанзивецот Џанлука Манчини имале жестока дискусија со раководството по одлуката да му се врачи отказ на Даниеле Де Роси.
На почетокот од неделава, на големо изненадување, Рома реши да му врачи отказ на Даниеле Де Роси и покрај тоа што пред само неколку месеци го награди со тригодишен договор.
Ваквата одлука донела хаос и поделби, на една страна е раководството на клубот кое реши да продолжи со Јуриќ, на другата се играчите и навивачите, кои не се сложуваат со отказот.
Најстарите членови на тимот, капитенот Лоренцо Пелегрини и дефанзивецот Џанлука Манчини имале жестока дискусија со раководството, барале објаснувања за ваквиот потег и дури порачале дека Даниеле Де Роси треба да биде вратен на тренерското столче.
Тие, исто како и останатиот дел од играчите, биле изненадени од отказот бидејќи неколку дена претходно бил опипан терен за еден ваков потег, но во анкетата која била направена, сите му дале поддршкна на Даниеле Де Роси и сакале стратегот да продолжи со својата работа.
Во мејѓувреме, најжестоките тифози најавија дека ќе го бојкотираат натпрварот против Удинезе и ги повикаа сите навивачи да им дадат поддршка во знак на протест.