Рома влезе со
големи амбиции во новата сезона, но, барем засега истите не ги оправдува на
теренот, тимот од Рим е во голема резултатска криза, а алармот во тимот е
вклучен по поразот кај Болоња изминатиов викенд со 2-0.
Болоња немаше
постигнато ниту еден погодок по четирите одиграни меча, а ја искористи
конфузијата во која беше Римската волчица за прва победа во новата сезона токму
во петтото коло од Серија А.
Првиот човек на
Рома, Џејмс Палота по поразот од Болоња истакна дека е згрозен од перформансите
кои ги прикажале фудбалерите, а шефот на стручниот штаб на таа екипа, Ди
Франческо упати обвинувања до своите избраници поради нивниот однос на теренот
и немањето желба за надигрување.
Стигна и казната
за фудбалерите на Рома кои веднаш по мечот биле донесени директно на тренинг
центарот на клубот, а ќе тренираат и дене и ноќе во подготовките за следните
два натпревари во Серија А.
Во среда следи
дуел со Фросиноне на Олимпико, а веднаш потоа во сабота на програмата е големото
дерби со градскиот ривал Лацио, на кој исто како и претходниот меч, Римската
волчица ќе биде домаќин.