„Ролеркостер“ деби за Ди Марија: Солзи, гол и тешка повреда! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Анхел Ди Марија го имаше своето второ деби за Росарио Централ, клубот од каде потекнува, а неговото враќање донесе многу емоции.

Росарио го пречека Годој Круз. Стадионот беше полн, Ди Марија имаше спектакуларен пречек од навивачите.

Ди Марија имаше многу емоции на натпреварот. Во 78. минута даде и гол од пенал за водство на Росарио од 1-0.

Десет минути подоцна тој заработи тешка повреда поради која со возило беше изнесен од теренот.

Гостите го израмнија резултатот длабоко во судиското продолжение, мечот заврши 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×