По дербито помеѓу Галатасарај и Фенербахче кое се играше минатиот викенд, турските власти покренаа истрага против домашниот клуб поради транспарент со култниот филмски лик Роки Балбоа кој што го глумеше славниот Силвестер Сталоне.
Властите сметаат дека транспарентот содржи скриена порака на Фетула Ѓулен, противникот на турскиот претседател Реџеп Ердоган.
На транспарентот на кој е Сталоне како Роки пишува: „Стани, тие изгледаат големи бидејќи клечиш“.
Премиерот на Турција Бинали Јилдирим веднаш наредил истрага за плакатот, а медиумите тврдат дека транспарентот се однесува на говор на Ѓулен.
„Ваквите обвинување се обид за дискредитација на клубот. Патетичен напад на кловнови, пиуни и тролови по друштвените мрежи. Нашите навивачи уште во мај го употребија истиот транспарент“ – порачаа од клубот.
И Силсвестер Сталоне на социјалните мрежи постираше видео од кореографијата на навивачите на Галатасарај кој во моментов е лидер во турското првенство.