Марко Ројс се погрижи неговиот последен натпревар на „Вестфаленд“ долго да се памети, напаѓачот плати пиво за сите присутни на стадионот.
Марко Ројс е дете на Борусија Дортмунд, па денешниот натпревар против Дармштад беше посебен за него.
Германецот за последен пат играше пред „Жолтиот ѕид“ и домашните навивачи, и се погрижи шоуто да биде на високо ниво.
На теренот покажа дека е голем фудбалски мајстор и прекрасно погоди од слободен удар, а потоа покажа дека е и голем човек, частеше пиво за сите присутни на стадионот (преку 80.000 луѓе).
Auf Marco! 🍺 pic.twitter.com/Hil9ikqBEC
— Borussia Dortmund (@BVB) May 18, 2024
„Ви благодарам за се! Последната тура пиво е на моја сметка. Ваш Марко“ – гласеше пораката која ја споделија „милионерите“ на социјалните мрежи.
За убавиот гест, Марко Ројс рече: „Подолго време го планиравме ова, Борусија Дортмунд и Карстен Крамер (маркетинг директорот) завршија одлична работа и се надевам дека момците уживаа“.