Ројс навистина е голем малер, вчера стигна до првиот трофеј, денеска дозна дека ќе паузира шест месеци

by
1 минути читање

27 годишниот
Германец вчера конечно се израдува на првиот трофеј во кариерата откако
Борусија Дортмунд го овои Купот на Германија по победата во финалето од 2-1 над
Ајнтрахт Франкфурт.

Но Марко Ројс
никако да крене глава од лоши вести, медиумите од Германија пишуваат дека
играчот би можел да паузира шест месеци.

Офанзивниот
фудбалер предвреме го напушти натпреварот поради повреда, а Билд пренесува дека големи се шансите да се работи за оштетување на лигаментите на коленото.

Доколку ваквите
информации се покажат како точни, Марко Ројс навистина е голем малер.

Тој на крајот од
сезоната во 2014 заработи тешка повреда и го пропушти мундијалот во Бразил на
кој „Панцирите“ станаа шампиони.

Слично беше и
минатата година, поради нова повреда, Марко Ројс не можеше да и помогне на
Германија на Европското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани