Рој Кин упати тешки критики кон Мурињо и фудбалерите на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Легендарниот
фудбалер на тимот од „Олд Трафорд“, Ирецот Рој Кин кој остави голема трага во
Манчестер јунајтед упати големи критики кон шефот на стручниот штаб на овој
тим, португалскиот стратег Жозе Мурињо за кого вели дека неговите постојани
оправдувања се неосновани.

„Во последните
шест месеци Мурињо во јавноста упатуваше безброј оправдувања. Манчестер јунајтед
како клуб не смее да се повлекува пред вакви предизвици. Тренерот и играчите
треба да се засрамат од фактот што моментно се пласирани на шестата позиција во
Премиерлигата и имаат дури 19 бода негатива во однос на првопласираниот Челси“

– истакна Ирецот.

Кин во периодот
од дванаесет години минати во дресот на Манчестер јунајтед одигра 326
натпревари а притоа постигна и 33 погодоци во периодот од 1993 до 2005 година.

Моментално Рој
Кин ја одработува функцијата асистент во репрезентацијата на Република Ирска.

Манчестер
јунајтед по 35. одиграни натпревари се наоѓа на шестото место на табелата со
вкупно 65 освоени бодови, виси излезот во Европа наредната сезона.
Како за
утеха за слабите резултати сезонава, вечерва (21,05 ч.) на домашен терен го
игра реванш дуелот во полуфиналната пресметка од Лига Европа каде за противник
го има шпанскиот претставник Селта Виго, откако на гости славеше минимално со
0-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани