571
Аргентина
обезбеди место во осминафиналето а за тој пласман го одбра потешкиот начин
откако со голот на Рохо во завршницата од средбата дојде до триумф од 2-1
против Нигерија, а херојот за Гаучосите откри што им порачал нивниот капитен
Меси на паузата.
„Во текот на
паузата, Меси на сите од нас ни рече дека имаме должност да погодиме, без
разлика на тоа каква шанса ќе имаме, да шутираме, без разлика на позицијата.
Така, штом видов дека топката доаѓа кон мене, ја шутнав со се’ што имам на себе,
и на крајот влезе во голот…“ рече Рохо.
Аргентина во
осминафиналето ќе се судри со Франција, а оваа мега пресметка е предвидена да
се одигра во сабота.