1,3K
Касим Роџер Мато е ново засилување на Вардар, репрезентативецот од Уганда кој во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Брера, стави потпис на договор со црвено-црните.
21-годишниот Мато е крилен офанзивен фудбалер кој е еден од најбрзите во македонското првенство.
Тој во првиот дел од сезоната ги одигра сите натпревари за Брера Струмица.
Мато е актуелен репрезентативец на Уганда.
Вардар во овој момент е на подготовки во Анталија, а веќе неколку дена таму со новите соиграчи е и Мато.