Родриго се налути затоа што го нема во албумот на Панини за СП

by
1 минути читање

Во албумот на Панини за Светското првенство од секоја репрезентација има по 18 фудбалери, па нормално е дел од играчите кои ќе одат на Мундијалот да бидат изоставени.

Бразил има конкуренција во офанзивата како никогаш досега, па Родриго е еден од фудбалерите кои не се ставени во албумот.

Тој не го прифати тоа најдобро, фрустрацијата што нема сликичка од него, јавно ја искажа.

„Кога играте во Реал Мадрид, шансите да одите на Светско првенство се поголеми. Знам дека уште морам да работам, но не кријам дека сум фрустриран што ме нема во албумот. Според мене, мора да бидам таму, не знам зошто ме нема“, вели Родриго.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани