876
Утре на програмата се првите плеј-оф натпревари за осминафиналето во Лигата на шампионите, а во еден од нив силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Манчестер сити.
На денешнта прес-конференција пред натпреварот се појави и Бразилецот Родриго.
Освен за темите поврзани за натпреварот, Родриго доби прашање и за понудите од Саудиска Арабија и Манчестер сити за кои се пишуваше во медиумите.
„Манчестер сити и клубовите од Саудиска Арабија биле заинтересирани за мене? Не знам многу затоа…тоа се работи на татко ми, мојот агент. Не знам дали клубот добил некаква понуда. Знам дека сум пресреќен што го носам дресот на Реал Мадрид“, изјави Родриго.