Родриго по краток разговор со Анчелоти го напушти тренингот, дали го одигра последниот натпревар за Реал?

by bojan
1 минути читање
Родриго

Родриго предвреме го заврши денешниот тренинг на Реал Мадрид, по краток разговор со Карло Анчелоти, напаѓачот во придружба на лице од персоналот се упати во соблекувална.

Бразилецот изминативе денови е во фокусот на јавноста откако не настапи против Барселона во неделата, се шпекулираше дека Родриго бил лут поради својот статус и тоа што е во сенка на Мбапе, Белингем и Винисиус Жуниор, па одбил да игра на „Ел Класико“.

Потоа се појавија информации кои велеа дека напаѓачот веќе донел одлука да замине од „Бернабеу“ во летниот преоден рок.

Гласините сигурно ќе продолжат и во иднина откако Родриго го напушти денешниот тренинг на „кралевите“.

По краток разговор со Карло Анчелоти, Бразилецот се упати во соблекувалната во придружба на лице од персоналот.

Се очекува Карло Анчелоти да сподели повеќе информации на средбата со новинарите, првичните претпоставки се дека Бразилецот е повреден.

Останува да се види кога тој ќе се врати во тимот, или пак можеби веќе го одигра последниот натпревар во белиот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×