Родриго: Менталитетот на Модриќ не е нормален – тоа е нешто лудо!

by riste
1 минути читање

Бразилската ѕвезда, Родриго во интервју за „АС“ зборуваше и за својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Родриго го испофали Модриќ кој сега игра импресивно во Милан и добива пофалби од сите страни.

„Менталитетот на Лука не е нормален, тоа е нешто лудо. Годините кои ги поминав со него беа чудесни за мене. Тоа што имав можност да учам од играч со такви квалитети е непроценливо“, вели Родриго.

„Секогаш уживав да го гледам Модриќ како игра, но кога бев со него и делев соблекувална со него, ме импресионираше уште повеќе. Тој е неверојатен. Има 40 години и уште игра на врвно ниво. Навистина е неверојатно се што прави, а тоа го прави совршено“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×