Родри тврди: Доколку мечот траеше нешто подолго, Реал Мадрид дополнително ќе настрадаше

by
1 минути читање

Реал Мадрид тргна
со водство во дуелот со Манчестер Сити пред своја публика во првата пресметка
помеѓу обете екипи во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите, но, на
крајот „Кралевите“ беа поразени со 1-2.

Двата гола кои
донесоа пресврт за тимот на Пеп Гвардиола беа постигнати во завршница 12 минути
игра на „Сантијаго Бернабеу“, минути во кои домаќинот имаше голем пад во
играта, а Родри смета дека Реал Мадрид дополнително ќе настрадал доколку се
играло нешто повеќе од предвиденото.

Тие целосно
паднаа на психички план во последни 10-15 минути игра, а ние го искористивме сето
тоа
“ вели фудбалерот на Манчестер Сити кој ги одигра сите 90 минути во победата
на својот тим.

Доколку
натпреварот траеше нешто повеќе од тоа, ние секако ќе сторевме дополнителна
штета за Реал Мадрид, но со оглед на генерално гледано каков беше мечот, ова е
одличен резултат за нас
“ додаде Шпанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×