Родри пак се повреди, го пропушта стартот на сезоната

by 24 фудбал
1 минути читање

Добитникот на „Златната топка“ Родри ќе биде надвор од терените најмалку до средината на септември поради сериозна повреда здобиена на натпреварот против Ал Хилал.

Манчестер Сити планира да му понуди нов договор, со кој шпанскиот репрезентативец би останал на „Етихад“ до летото 2029 година.

Родри е во процес на опоравување, но повредата е сериозна. Веќе тренира подобро и се надеваме дека по паузата за репрезентативни натпревари ќе се врати во одлична форма“, изјави Пеп Гвардиола.

Шпанецот ја пропушти речиси целата мината сезона поради тешка повреда на лигаментите, а иако се врати во завршницата, сега повторно го чека пауза од најмалку еден месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×