„Родителите ме оставија во дом за деца кога имав 2 години, сега ми бараат пари и ме тужат!“

by bojan
2 минути читање
Лукас Перез

Шпанскиот напаѓач Лукас Перез открива дека една од причините поради кои заминува од Депортиво Ла Коруња и се сели во ПСВ, е судскиот спор со неговиот татко, кој го напуштил кога имал 2 години, а сега му бара пари за живот.

Лукас Перез блесна на фудбалската сцена во сезоната 2015/16, постигна 17 погодоци во Ла Лига во дресот на Депортиво Ла Коруња, па направи трансфер во Арсенал вреден околу 20 милиони евра.

Тој не се снајде во Премиерлигата, потоа промени неколку клубови, а на крајот од 2022, од сопствен џеб плати околу половина милион евра за да го раскине договорот со Кадиз и да се врати во Депортиво Ла Коруња, со цел да му помогне на клубот од својот роден град во намерата да избори промоција во втора лига.

Напаѓачот сега имаше неколку турбулентни месеци во Депортиво Ла Коруња, па реши да ја промени средината и оваа недела потпиша со ПСВ.

Во разговор со медиумите, тој одигра дека една од причините за трансфер во Холандија е судскиот спор со неговиот татко, кој го напуштил кога имал 2 години, а сега му бара пари за живот.

„Ме израснаа баба ми и дедо ми, родителите на мојот татко. Кога имав две години, моите родители ме оставиле во дом за деца бидејќи не можеле, или пак не сакале да се грижат за мене“ – открива Лукас Перез.

„Неодамна добив тужба од мојот татко, бара пари за живот. Изминативе месеци беа навистина тешки, со многу стрес и голема анксиозност“.

Тој потоа додава: „Кога потпишав со Арсенал, мојата мајка веднаш ми испрати итен допис и бараше пари… но таа нема основа на која може да бара пари бидејќи не беше именувана како заеднички старател. Дедо ми и баба ми беа старатели, а подоцна, баба ми му дозволи на татко ми и тој да се води како старател. И сега тој ми бара пари, и тоа голема сума на пари“.

„Имав многу среќа што ги имав дедо ми и баба ми, за жал не останаа живи доволно долго колку што требаше“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×