Робињо исчезнал откако полицијата тргнала да го бара за да го спроведе во затвор!

by
1 минути читање

Министерството за внатрешни работи на Бразил издало налог за апсење на Робињо и спроведување во затвор за издржување на казната, но никаде не може да го најде поранешниот фудбалер.

Тие го барале на адресата каде што живее, и на адреси каде што би можел да престојува, но ниту трага, ниту глас од поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Милан и Манчестер Сити.

Италија бараше екстрадиција на Робињо, но Бразил не ги екстрадира своите државјани, нема билатерален договор со италијанците за такво нешто. Бразилското министерство за правда им порача на колегите од Италија дека Робињо може да ја отслужи казната во бразилските затвори. Италија го прифати тоа, но сега проблем е што фудбалерот го нема.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани