78
Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер јунајтед би можел да се врати во Премиерлигата и да го облече дресот на Кристал Палас.
Новиот тренер на Кристал Палас, Франк де Бур сака да сврти нова страница во клубот и да донесе вистински шампион, неговиот сонародник Робин ван Перси.
Мисијата за ангажман на Холанѓанецот се уште е во почетна фаза, па нема информации какви се шансите таа да се реализира.
Враќање на Робин ван Перси во Премиерлигата би било позитивно за фановите на англиската лига, но и за Кристал Палас на кој еден ваков трансфер ќе му даде посебен шмек иако се работи за играч кој има 33 години.