Роберто Карлос за шпекулациите дека спие на стадион: Морам да ги демантирам тие луди гласини!

by 24 фудбал
1 минути читање

Роберто Карлос реши да се огласи по шпекулациите дека е во катастрофална финансиска состојба до степен што нема свој дом.

Се појавија информации дека се преселил во објектите на Реал Мадрид каде што блескаше по разводот со Маријана Лукон. Сепак, самиот Карлос го демантира тоа.

Се шират лажни и штетни приказни за мене и моето семејство. Ја ценам приватноста своја, ама морам да ги демантирам лудите гласини за моето живеалиште. Тие се измислени за да се соберат кликови. Моментално живеам во стан со членовите на моето семејство. Адвокатите ќе ги проверат тие лажни информации кои се појавија и можеби ќе ги гониме кривично“, напиша Карлос.

Инаку, Роберто Карлос е татко на 11 деца со седум различни жени. Со последната сопруга Лукон беше заедно 15 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани