Роберт Левандовски одлучил каде сака да игра следната сезона, па макар и да изгуби многу пари

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува „Ел Чирингито“, Роберт Левандовски сака да остане на Камп Ноу, подготвен е да прифати и значително помала плата за да продолжи да го носи дресот на Барселона.

Роберт Левандовски ги одработува последните месеци од договорот, па често се пишува за неговата иднина.

Напаѓачот има три опции – да остане во Барселона, да избере нова авантура или да стави крај на кариерата.

Како што пренесува „Ел Чирингито“, во моментов Полјакот приоритет дава на првата опција, тој сака да остане на „Камп Ноу“ уште една сезона и подготвен е да прифати значително помала плата.

„Сака да седне и да разговара со Барса, да ги извести дека има желба да остане, секако со многу помала плата“ – вели новинарот Хозе Алварез.

„Тој е среќен во Барселона, исто како и неговото семејство. Неговата сопруга има и сопствен бизнис тука. Сите се среќни. Па затоа Лева е подготвен да разговара со раководството и да им каже дека сака да го продолжи престојот и за пониски примања“.

Се верува дека Роберт Левандовски во моментов има плата од околу 26 милиони евра по сезона, и е најплатениот во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×