Роналдо како Далиќ: Продолжи да ја бојкотира ФИФА

by Стефан
0 минути читање

Винисиус Жуниор на вчерашната церемонија на ФИФА ја доби наградата „Д’Бест“ која се Светската фудбалска организација ја доделува за најдобриот во годината.

Во изборот за наградата гласаат селекторите и капитените на репрезентации, но Кристијано Роналдо како капитен на Португалија не го искористи своето право.

Роналдо кој во кариерата пет пати го освојуваше ова признание во изминатите години беше незадоволен од фудбалерите кои се во конкуренција за наградата, па сега исто како и хрватскиот селектор, Златко Далиќ не учествуваше во гласањето.

Своето место Роналдо го препушти на соиграчот од репрезентацијата, Бернардо Силва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×