Ривалството не познава граници: Каталонските весници со поддршка за Јувентус (ФОТО)

by
1 минути читање

Дека ривалството
помеѓу Мадрид и Барселона не познава граници, денес уште еднаш се потврди и тоа
преку изданијата на каталонските весници, кои отворено застанаа со поддршка за
Јувентус.

„Форца, Јувентус!“
објави каталонски „Спорт“, додека „Мундо Депортиво“ на својата насловна страна
пишува „Форца, Алвеш!“, алудирајќи на поранешниот фудбалер на Барселона, Дани
Алвеш.

Се чини дека
најиновативен испадна „Мундо Депортиво“ кој Дани Алвес на фотографијата го
постави со пола дрес од Јувентус, додека другата половина за Барселона. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани