261
Светската куќа на
фудбалот изминативе години казни неколку гиганти со забрана за купување нов
играчи, последен е Челси. На тапет се уште неколку клубови, а Манчестер Сити
сега ја дозна пресудата.
ФИФА попладнево
соопшти дека „граѓаните“ ги прекршиле правилата за трансфери на играчи под 18
години, и изрече казна која е прилично блага.
Шампионот на
Англија ќе треба да плати парична глоба од 370.000 швајцарски франци, односно
околу 315.000 фунти.
Ривалите сигурно
ќе бидат бесни, „сините“ водат правна битка бидејќи два преодни рока не смеат да
носат засилувања, и веќе половично ја одработија казнава откако летово на
„Стемфорд Бриџ“ не пристигна ниту едно ново име.