Паулињо е третото
засилување за Барселона ова лето по Семедо и Деулофеу, тимот од „Камп Ноу“
долго преговараше за Бразилецот и на крај го договори за сума од 40 милиони
евра, која како обештетување ќе ја добие кинески Гвангжу.
Новото засилување
за Барселона веќе почна да добива честитки за неговиот нов предизвик во
кариерата.
„Добредојде во
Барселона, ти посакувам многу среќа во твоето ново скалило“ напиша легендата на
Барселона на социјалните мрежи.
„Ја направи
вистинската одлука“ додаде Ривалдо во пораката до својот сонародник.
Барселона вечерва
(22,00 часот) на домашен терен го пречекува Реал Мадрид во првиот дуел помеѓу
овие две екипи од шпанскиот Суперкуп, а во наредните неколку часа Паулињо и
официјално треба да стане дел од тимот на Барселона.